Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопјанец за 30 илјади евра лажно ветувал дека ќе приватизира државно градежно земјиште
Македонија

Скопјанец за 30 илјади евра лажно ветувал дека ќе приватизира државно градежно земјиште

18/05/2023

AA

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „измама” по чл.247 од Кривичниот законик.

Пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000.евра пред надлежните органи ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 13.764 квадратни метри на катастарска парцела во Визбегово.

Тој во 2016 година обезбедил лажен документ – Решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост стекнато без платен надомест, наводно издадено од Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи – Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кратово, во кое што било наведено дека поднесеното Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост од оштетениот се уважува и земјиштето во државна сопственост се приватизира.

Решението било заверено на нотар и спроведено во Агенцијата за катастар на недвижности на основа на што било издаден имотен лист на име на оштетениот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy