
Мајка и ќерка се истепале пред кафуле во Кавадарци
Секторот за внатрешни работи – Велес информира дека синоќа во Кавадарци е нарушен јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу мајка и ќерка.
Инцидентот се случил околу 21 часот пред еден угостителски објект во градот. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја привеле 38-годишната Ј.Ч., која заедно со нејзината 65-годишна мајка О.А. се впуштила во меѓусебна пресметка.
Од СВР – Велес соопштија дека при интервенцијата, ќерката агресивно се однесувала и кон полициските службеници кои постапувале по пријавата.
Ј.Ч. е задржана во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против двете жени ќе бидат поднесени соодветни пријави.