Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Васев и Нухи негираат вина: Обвинението е политички монтирано
Македонија

Васев и Нухи негираат вина: Обвинението е политички монтирано

12/09/2025

AA

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој на обвинителна клупа седат поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и поранешниот економски директор Нехад Нухи.

Двајцата обвинети пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни и дека обвинението за несовесно работење и финансиски криминал е „неосновано и политички монтирано“.

Васев, кој ја водеше Клиниката од 2017 година, рече дека цел живот ја посветил на спасување човечки животи и отфрли каква било одговорност за злоупотреби.

„Имам наследено реверс од директор што јас го сменив и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај. Второто економско вештачење е потпишано од економска директорка што беше разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби,“ рече Васев, додавајќи дека токму во неговиот мандат долгот на Клиниката бил намален од 35 милиони на 30 илјади евра.

Тој потенцираше и дека тендерите за онколошки лекови не ги спроведувала Клиниката, туку Министерството за здравство, а одложувањето на тендерите значело недостиг на лекови и терапија за пациентите.

Второобвинетиот Нехад Нухи исто така истакна дека се чувствува невин и најави дека тоа ќе го докаже во текот на постапката. Неговиот бранител, адвокатката Анита Бегова, во воведниот говор тврдеше дека обвинението е „конфузно, нејасно и политички монтирано“.

Одбраната денеска поднесе писмено барање за изземање на едно од вештите лица на Обвинителството.

Судењето за „Онкологија 2“ ќе продолжи на 16 септември, кога ќе бидат сослушани сведоци предложени од обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy