
Мајер и Крамариќ ја нокаутираа Летонија: Хрватска сè поблиску до пласман на ЕП
Победата на „коцкестите“ беше обезбедена уште во првото полувреме, кога најпрво Мајер погоди за 1-0 во седмата минута, а осум минути подоцна Крамариќ зголеми на 2-0.
Турција веќе обезбеди место на ЕП и се наоѓа прва во групата Д со 16 бодови, Хрватска има 13, Велс 11, Ерменија има освоено осум, а Летонија е последна со три бода.