Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М-р Наташа Јаневска во „Бизнис-клуб“: „Комората ја зацврстува својата улога во развојот на дуалното образование“
Економија

М-р Наташа Јаневска во „Бизнис-клуб“: „Комората ја зацврстува својата улога во развојот на дуалното образование“

27/02/2025

AA

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостинка е м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија, која работи на реформите во образованието и на неговото усогласување со потребите на компаниите. Разговорот отвори важни теми поврзани со дуалното образование, практичната обука и со создавањето квалификуван кадар како клучен фактор за економски развој на државата.

Јаневска потенцираше дека Стопанската комора успеа значително да го зголеми бројот на компании и на училишта кои учествуваат во дуалното образование. Во 2017 година беа вклучени една компанија и едно училиште, а денес во процесот се вклучени повеќе од 560 компании и 62 училишта.Во 260 паралелки се реализира дуално образование со обуки во компаниите.

„Навистина треба да се вложува во образованието и да се создава кадар според потребите на компаниите. Без квалификуван кадар не можеме да очекуваме продуктивност, производство и ефикасност, а со тоа и зголемување на БДП. Целата наша посветеност и ангажираност се насочени кон создавање квалитетно, функционално образование според потребите на бизнисот“, истакна Јаневска.

Паралелно со овие напори, Комората, преку своите меѓународни партнерства, обезбеди финансиска поддршка за компаниите кои вложуваат во стручното образование. Преку Коморскиот инвестициски форум и преку Германската развојна банка досега се обезбедени повеќе од 7,1 милиони евра грантови, кои веќе се доделени за стручните училишта, факултетите и за компаниите кои активно учествуваат во развојот на дуалното образование.

Во разговорот Јаневска истакна дека Комората се залага и за зголемување на буџетските средства за стручно образование од 3,7 на 5 % од БДП, што е во согласност со препораките на ОЕЦД.

„Стручното образование е многу скапо. Финансиите што се даваат за стручните училишта и за гимназиите не можат да бидат исти затоа што за стручните училишта треба да се набават определена опрема, алати и машини кои учениците ќе ги видат во училишните работилници. Треба да се смени моделот на финансирање – не како што е досега според бројот на ученици, туку врз основа на реалните потреби за реализација на определена квалификација за која учат учениците. И мора да го следиме оној пристап од 5 % за образованието, според земјите на ОЕЦД, зашто само ако вложуваме во образованието може да зборуваме за квалитет. Можеби инвестицијата во моментов не е исплатлива, но на подолг рок е исплатлива зашто ќе создадеме кадар кој потоа ќе придонесува во државата“, потенцираше Јаневска. Таа додаде дека наредните планови на Комората се да го подобри квалитетот на практичната обука и да го зголеми бројот на компании и на училишта за реализација на практична обука.

„Следно нешто на кое сакаме да работиме е високото образование, а тоа ни е многу важно затоа што високото образование, исто така, треба да создава не само академски граѓани, туку граѓани кои ќе имаат и стручни и практични вештини какви што бараат компаниите. Сега работиме на тоа да ја воведеме практичната настава како задолжителна во студиските програми на факултетите“, истакна Јаневска.

Во разговорот таа се наврати на предизвиците со кои се соочија компаниите и институциите при првичниот обид за воведување практична обука, во согласност со потребите на реалниот сектор. Јаневска потсети дека на самиот почеток компаниите кои прифатија ученици на практична настава беа казнети од Државниот инспекторат за труд поради недорегулирани законски акти. Со големи напори, Комората успеа да воспостави правна рамка што овозможува трипартитен договор меѓу ученикот (и неговиот родител), компанијата и училиштето, со што се овозможи регулирана и безбедна практична обука во реални работни услови.

М-р Наташа Јаневска е експерт со долгогодишно искуство во областа на стручното образование и квалификацискиот систем. Како поранешен државен советник во Министерството за образование и наука и како член на Советодавниот комитет за стручно образование и обука при Европската комисија, таа е еден од клучните креатори на Националната рамка за квалификации. Од 2019 година е дел од Стопанската комора на Северна Македонија, каде што работи на создавање систем за развој на кадар во согласност со потребите на бизнисот – стратешка цел на Комората за наредните 10 години.

Целиот разговор на линкот.

https://www.youtube.com/watch?v=doz9rHU5HgY

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy