Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУТИ ПОЛИТИЧКИ РИВАЛИ, НА ИСТА МАСА И ИСТА СЛИКА – што се договорија денеска Ковачевски и Коњановски? Ова треба да биде пример
Економија

ЛУТИ ПОЛИТИЧКИ РИВАЛИ, НА ИСТА МАСА И ИСТА СЛИКА – што се договорија денеска Ковачевски и Коњановски? Ова треба да биде пример

03/04/2023

AA

Иако се големи политички ривали и делуваат на сосема спротивставени страни на политичката карта во земјава, првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е од редовите на СДСМ и градскиот татко на Битола, Тони Коњановски, од ВМРО-ДПМНЕ, денеска покажаа дека кога станува збор за интерес на граѓаните, можат да одржат конструктивен заеднички состанок, заедно да се сликаат, па дури и да споделат заедничка фотографија. 

А повод за средбата била една многу важна работа, односно парното што треба да го добијат битолчани, односно изградбата на топловодниот систем во тој реон.

Договориле соработка во иднина, па ќе видиме дали хармонијата што ја покажуваат на фотографијата, ќе продолжи во наредниот период и да функциониора во пракса.

АД ЕСМ соопшти дека тие и ЕСМ
Топлификација Битола очекуваат целосна поддршка и соработка од Општина Битола
во процесот на изградба на топловодниот систем низ Битола. Ова го порачал генералниот
директор на компанијата, Васко Ковачевски на денешната средба со првиот човек
на Општина Битола, Тони Коњановски.

„Ковачевски и
директорот на ЕСМ Топлицикација Битола, Горан Козаров, го запознаа
градоначалникот Коњановски со деталите од проектот за изградбата на мрежата на
топловодот низ градот. Топлификацијата ќе стигне до 35 институции под државна и
локална надлежност и тие имаат обврска само да ги подготват сопствените
инсталации да ја примат топлата вода. Сите трошоци за спроведувањето на
топловодот до објектите, како и изградба на топлоизменувачи во секој од нив, се
на товар на АД ЕСМ. Системот треба да биде ставен во функција во текот на
грејната сезона 2025/2026 година. По завршувањето на оваа фаза од изградбата,
останува отворена можноста на топловодот да се приклучат и индивидуални и
колективни станбени згради“, соопшти ЕСМ.

Со цел навремена
подготовка на објектите, на средбата, како што се вели во соопштението, било договорено формирање на координативно
тело во кое ќе бидат вклучени стручни лица од двете страни што ќе обезбеди
побрза и поефикасна реализација на проектот, во интерес на битолчани.

Вкупната вредност на проектот Топлификација на Битола,
Новаци и Могила изнесува 46 милиони евра, од кои 39 милиони евра се средства од KfW
банка, а 7 милиони евра се сопствени средства на АД ЕСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy