Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Луксузната облека на Боки 13 вредна 600.000 евра наместо на продажба, можно е да заврши како донација!
Македонија

Луксузната облека на Боки 13 вредна 600.000 евра наместо на продажба, можно е да заврши како донација!

17/10/2025

AA

Запленетата брендирана гардероба на Бојан Јовановски – Боки 13, чија вредност се проценува на речиси 600.000 евра, веќе пет години стои во магацините на Агенцијата за управување со одземен имот. Иако проценката на облеката е завршена пред повеќе од половина година, таа сè уште не е огласена за продажба.

Како што дознава „Фокус“, можно е гардеробата воопшто да не оди на продажба, туку да биде донирана. Ваквото сценарио произлегува од одговорот кој редакцијата го добила од Агенцијата за управување со одземен имот.

„Агенцијата за управување со одземен имот, конечно одземените предмети може да ги продаде, уништи или да ги отстапи на државни институции, здруженија на граѓани или фондации. Во зависност од донесената Одлука на Управниот одбор ќе зависи и понатамошната постапка и за овие одземени предмети,“ велат од Агенцијата за „Фокус“.

Според нив, оваа можност станала изводлива по измени на Законот за управување со конфискуван имот направени пред три месеци, со кои е дозволено конфискуваните предмети да бидат донирани на државни органи, јавни установи, здруженија и фондации, наместо задолжително да се продаваат, а парите да одат во буџетот.

Во летото 2019 година, истражителите од домот на Јовановски заплениле 71 вреќа со гардероба, чевли, часовници, чанти и накит — вкупно 1.208 парчиња од луксузни брендови како Louis Vuitton, Versace, Dolce & Gabbana, Gucci, Valentino, Dior и други.

Меѓу најпознатите парчиња, како што потсетува „Фокус“, е сребрената наметка на „Луј Витон“ вредна 8.000 евра, со која Боки 13 се појави на доделувањето на наградите „Story“.

Обвинителството тврдеше дека Јовановски ја набавил гардеробата во периодот 2018–2019 година, со пари од 1,5 милион евра кои, според обвинението, ги изнудил од бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“.

Бојан Јовановски, пак, тврдеше дека заплената е незаконска, посочувајќи дека 95 проценти од облеката ја купил уште пред 2013 година. За да го поткрепи тоа, пред судот презентираше 1.650 фотографии со свои модни комбинации од различни години, објаснувајќи кога и каде е купено секое парче.

Со оглед на новите законски измени, останува отворено прашањето дали луксузната гардероба на Боки 13 ќе биде продадена или ќе заврши како донација во институции или фондации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy