
Лука Змејкоски го освои првиот медал за Македонија на Европското првенство во кик-бокс
Македонскиот натпреварувач Лука Змејкоски од клубот „Лидер“ – Виница го освои првиот медал за Македонија на Европското првенство во кик-бокс.
Со овој успех, Змејкоски донесе историско признание за македонскиот спорт и потврди дека нашите спортисти се рамноправни со најдобрите на континентот.
Инаку Лука Змејкоски блескаше и на Европскиот куп „Гран при Сараево 2025“ и се закити со шампионска титула.
Натпреварувањето, во организација на ВАКО, се одржа од 3 до 6 април и собра преку 800 учесници од 180 клубови од 20 земји.
Змејкоски го задржа првото место на светската ВАКО кикбокс листа.