Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАДИЦИЈАТА СЀ ПОСКАПА: Цената на пиперките за ајвар до 60 денари, граѓаните годинава ќе прават помалку зимница
Македонија

ТРАДИЦИЈАТА СЀ ПОСКАПА: Цената на пиперките за ајвар до 60 денари, граѓаните годинава ќе прават помалку зимница

17/09/2025

AA

Сезоната за подготовка на ајвар годинава започна со повисоки цени кои удираат по џебот на граѓаните, поради што многу семејства ќе бидат принудени да направат помали количини од омилената зимница. На тетовскиот пазар, цената на црвената пиперка се движи од 50 до 60 денари за килограм, сума која купувачите ја сметаат за висока во однос на нивните примања.

Според пресметките, за да се подготват просечно околу 30 тегли ајвар, едно семејство треба да издвои најмалку 4.500 денари. Во оваа сума влегуваат околу 50 килограми пиперки (3.000 денари), модар патлиџан, масло за јадење, како и трошоците за дрва или електрична енергија.

„Цените се катастрофа, ќе направат малку ајвар, ама многу малку“, вели еден граѓанин, додека друг додава: „Ќе правиме, ама се малку скапи, 50 или 60 денари пиперките се скапи, тоа зависи и од платите“.

Од друга страна, и трговците се соочуваат со проблеми. Иако тие сметаат дека цената е поволна, се жалат на драстично намалена продажба во споредба со минатите години.

„Оваа година е многу слабо, луѓето заминаа во печалба, не се веќе тука, иако цените се поволни… ама нема голем интерес“, вели еден од продавачите.

Друг продавач ја лоцира причината во ниската куповна моќ на населението: „Немаат пари, им изгледа скапа пиперката, доматот… со една пензија што ќе направиш, пензијата мала и затоа многу слабо се продава“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy