
Лука по големиот кикс во клинч со Букер – му се смешкаше, а сакаше да му ја „скине главата“ (ВИДЕО)
Веднаш по овој кикс тој направи фаул, по што додека стоеше бесен на себе поради неразбирливото промашување масло на оганот уфрли Девин Букер, со кого (по)долго време имаат отворено непријателство. Бекот на „сонцата“ го испровоцира Словенецот, кој одеднаш скокна како лав и влезе во клинч со противникот.
Без разлика што беа лице до лице, кошаркарите немаа физичка пресметка и само си се смешкаа кисело, иако беше јасно дека Дончиќ без проблеми би му ја „скинел главата“ на Букер, кој му фрли сол на раната. Нивниот ривалитет трае уште од минатата сезона, кога овие два тима играа и во плејофот.