
Лудница на „Олимпико“: Милан во 97. минута избегна пораз од Рома (ВИДЕО)
Двете екипи играа израмнет фудбал и имаа по неколку шанси, но мрежите мируваа до завршницата од дуелот, односно судиското надополнување кога беа постигнати два гола.
Тами Абрахам им донесе водство на Римјаните во 93. минута, но екипата на Жозе Мурињо не издржа до крај затоа што Алексис Салемакерс погоди за 1-1 во 97. минута.
Милан и Рома се наоѓаат на делба на четвртата позиција во Серија А со по 57 бодови, додека два бода повеќе од нив има Јувентус.

