Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре го славиме Свети Алексеј, човек Божји
Македонија

Утре го славиме Свети Алексеј, човек Божји

29/04/2023

AA

Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето.

Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но, ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар. Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица. Кога таму се прочу како богоугодник, тој се уплаши од човечката слава и замина, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.

Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го препозна, а од милосрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор. Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Слугите го малтретираа на разни начини, а тој претрпе сè. А кога му се приближи крајот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и издивна, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откровение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго распрашување дознаа дека Божјиот човек е оној просјак. Кога влегоа го најдоа мртов во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзеде неизмерна тага. По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник.

Од допирот на неговото тело се лекуваа многубројни болни, а од телото му потече благоухано миро. Го погребаа во ковчег од мермер и смарагд. Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy