Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка
Економија

ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка

19/10/2024

AA

 Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите.

Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

– Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија.

– Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи.

На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП.

– Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.

Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех.

– Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата.

Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании.

-Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи.

Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ

11/10/2026
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46110
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети дека ќе работи на нејзино

11/10/2026

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика граѓаните што ја блокираат депонијата Краста да се повлечат и да дозволат јавното

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу 200 метри од брегот

11/10/2026

Охриѓанец загина откако неговото кану се превртело во езерото, соопшти полицијата. Попладнето на 10.10.2026 во полиција било пријавено дека во

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на национално единство околу големите стратешки

11/10/2026

Македонија е поголема од секоја политичка генерација! Државата е поголема приказна од сите кусогледни и лични интереси. Татковината се брани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy