Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУЃЕТО БАРААТ СРЕБРЕН НАКИТ: Цените на среброто можат да ги надминат цените на златото?
Економија

ЛУЃЕТО БАРААТ СРЕБРЕН НАКИТ: Цените на среброто можат да ги надминат цените на златото?

08/02/2024

AA

Цените на среброто можат да ги надминат цените на златото за време на силни економски експанзии. 

Во моментов, за една унца злато се потребни 90 унци сребро, пишува CNBC. Цените на среброто би можеле да бидат највисоки во последните 10 години. Според извештајот на Американскиот институт за сребро, постои можност глобалната побарувачка за сребро да достигне 1,2 милијарди унци во 2024 година. Тоа би била втора најголема побарувачка досега. Во извештајот стои дека зајакнувањето на индустриската побарувачка треба да биде главната причина за растечката глобална побарувачка за сребро. Среброто најчесто се користи за индустриски цели, во производството на автомобили, соларни панели, накит и електроника. Извршниот директор на Институтот за сребро, Мајкл ДиРиензо, изјави за CNBC дека очекува среброто да достигне 30 долари за унца. Оваа цена последен пат беше постигната во февруари 2013 година.

Институтот забележал дека годинава побарувачката за сребрен прибор е зголемена за девет отсто, а побарувачката на сребрен накит е зголемена за шест отсто. Значителен раст на побарувачката за сребрен накит се очекува да има во Индија. Закрепнувањето на пазарот на електронски уреди треба да влијае за раст. Откако почна војната во Украина пред две годни, цената на златото расте. 

foto freepik.com/fernandocortesde

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026
Македонија

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026
Македонија

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026
Македонија

Дали ќе се зголеми минималната плата на 600 евра?

22/02/2026
Македонија

Намалување на бројот на заболени од грип во Македонија 

22/02/2026
Македонија

Просечната пензија ќе надмине 27.500 денари, бројот на пензионери расте

22/02/2026
Македонија

СЛАБ СНЕГ ПАЃА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ТЕТОВО – ГОСТИВАР- МАВРОВО

22/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41762
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2025 година изнесува 46.889 денари, што претставува годишен номинален раст од 7,6

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026

Пазарот на недвижности бележи зголемена активност и значителни разлики во цените меѓу скопските општини, покажуваат најновите податоци од Агенција за

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026

Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. „Прости ми“ и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy