
Локализиран пожарот над селото Моране – нема опасност за населението
Во вечерните часови, на територијата на Општина Студеничани, над селото Моране, избувна пожар, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Како што вели, благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во координација со надлежните институции, пожарот беше локализиран во краток временски рок.
Состојбата со пожарот е целосно ставена под контрола и во моментот не претставува закана за населението во околината. Пожарникарските екипи остануваат на терен за постојан мониторинг и целосно изгаснување на сите жаришта, со цел превенција од евентуално повторно разгорување на пожарот.