Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Убиецот на Росица бил пријавуван и од други четири поранешни девојки: Се што имал продал и потрошил да го одржи нивото кое го претставувал!
Македонија

Убиецот на Росица бил пријавуван и од други четири поранешни девојки: Се што имал продал и потрошил да го одржи нивото кое го претставувал!

19/09/2025

AA

Убиецот на Росица од Велес бил пријавуван во скопските полициски станици уште пред 12 години. Хелсиншкиот комитет за Телма потврди дека располага со информации за четири други девојки кои од 2013 година наваму го пријавувале истиот човек, тврдејќи дека по прекин на врската продолжил да ги следи, вознемирува, им се јавува и остава навредливи пораки за нив и нивните блиски на јавни места.

Една од девојките за „Слободен печат“ раскажала за тортурата што ја доживеала во врската со Илија, која траела околу една и пол година во периодот 2013–2014. Таа сведочи дека не можела да се ослободи од него, а тој ѝ се заканувал дека ќе се самоубие доколку не му се врати. Во една прилика ѝ го одзел мобилниот телефон и испраќал пораки во нејзино име, а дури се заканувал и дека ќе ја убие нејзината сестра.

„Јас тие закани по живот ги пријавив во полиција. Го исконтактираа од таму и ми го врати телефонот. Во тие неколку часа тој се претставувал со мое име и праќал мејлови за да ми го уништи професионалниот развој“, изјавила девојката за „Слободен печат“.

На социјалните мрежи се појави и ново сведоштво за Илија Стефановски, во кое се опишува дека со години зад себе оставал низ случаи на вознемирување и омаловажување на девојки со кои бил во врска. Една жена сведочи дека пред околу десет години, кога нејзина пријателка раскинала со него поради љубомора, тој ѝ испратил експлицитни фотографии на факултетот во Холандија каде што студирала, вклучувајќи ги и професорите и колегите. Други жени, пак, пренесуваат дека во минатото користел и насилни методи, како физички напад и јавно изложување со експлицитни содржини.

Според сведоштвата, иако се претставувал со луксузен живот, Стефановски ги продал и потрошил становите и куќите кои ги поседувал, со цел да го одржи изгледот што го градел пред јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy