
Ливерпул на прагот на првото засилување во ерата на Слот
Цел на „црвените“ е фудбалерот на Аталанта, Едерсон кој, интересно, имаше огромна улога во елиминацијата на Ливерпул во Лигата Европа. Подоцна, Аталанта го совлада и Баер во големото финале и го освои пехарот во натпреварувањето на УЕФА.
Едерсон е бразилски репрезентативец, има 24 години, игра на позицијата последен играч за врска, а последната сезона одигра 36 натпревари за Аталанта и постигна шест гола. Понудата на Ливерпул за него изнесува 45 милиони евра.