Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лишени од слобода 15 лица, меѓу кои има вработени од МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие!
Македонија

Лишени од слобода 15 лица, меѓу кои има вработени од МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие!

19/09/2025

AA

На 18/19.09.2025, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“, „давање поткуп“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Берово и една локација во Пехчево. Притоа, од слобода се лишени 15 лица, од кои дел од нив се службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи, во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ и службено лице вработено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лица кои вршеле сеча и транспорт на дрва. При претресите се пронајдени и одземени парични средства околу 185.000 евра, 318.000 денари, повеќе телефонски апарати, документација, две ловечки пушки и воздушна пушка, 75 куршуми калибар 12 мм и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Денека (19.09.2025), Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против сите 15 физички лица и против едно правно лице, и тоа против Т.К.(35) за „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“ и „давање поткуп“, против О.М.(37)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Е.И.(29) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.Р.(46) , В.В.(49) , Б.Ш.(49) , Д.В.(61)  и Б.М.(47) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.А.(39), А.К.(38) и Н.А.(43) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „пустошење на шуми“ и „примање поткуп“, против П.К.(61), М.С.(30)  и В.М.(54)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Ј.А.(36)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“ и против правно лице од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомненеи за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.

Имено, во текот на 2025 година пријавените Т.К., О.М. и Е.И. формирале злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело пустошење на шуми, на начин што покрај легалната сеча на дрвна маса на територијата на општина Берово (с.Двориште), вршеле и нелегална сеча, транспорт и продажба, како би оствариле противправна имотна корист за себе и за сметка на правното лице, а на штета на државниот буџет.

Пријавените Г.А., А.К. и Б.Ш., спротивно на Статутот, Законот за шумите, Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни асортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечени дрва, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници (чл.8, чл.9, чл.12 и чл.13) и Правилникот за систематизација на работни места при ЈП „Национални шуми“ им овозможувале на организаторите нелегално исечената дрвна маса да биде транспортирана, ставена во промет и дистрибуирана до правното лице, како и до крајните корисници, наводно поткрепена со соодветна документација, за што им бил исплаќан паричен надоместок-поткуп за да го извршат дејствијето. Исто така, покрај вработените во ЈП „Национални шуми“, организаторите биле навремено известувани за вршење на контроли по пријави од граѓани и од страна на пријавената Д.В..

Во нелегалната сеча се приклучил и пријавениот Н.А., кој во два наврата за две различни локации побарал и примил поткуп, со тоа што во август и септември им понудил на организаторите да извршат сеча на опожарена шума, без да биде објавен јавен повик, со што им овозможил дрвната маса слободно да ја пуштат во легалниот промет.

В.В., Б.М. и Г.Р., заедно со Е.И. и по насоки на Т.К., оддавале информации за движење на контролните патроли од МВР во пределот на с.Двориште, како и не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности. Исто така, В.В. посредувал при продажбата на нелегално исечената дрвна маса, иако бил запознаен дека организаторите за добивање на документацијата давале поткуп, додека Б.М. оддал информација за реализација на предмет поврзан со криминалната група.

П.К., татко на Т.К., М.С. и Ј.А., по насока на Т.К. вршеле бесправна сеча во пределот на с.Двориште, утовар на истата и превоз до одредена локација, иако не биле вработени во правното лице кое имало добиено лиценца за сеча, истите знаеле и биле свесни дека вршат сеча надвор од локацијата, додека пак пријавената В.М. евидирала како сопственик и управител на правното лице преку кое се вршела продажба на дрвна маса, како преработка на дрвна маса за даски и греди за градежни потреби  и изработка на пелети за греење.
Со горенаведените инкриминирани дејствија, пријавените физички лица и правниот субјект предизвикале опустошување на околу 6.000 хектари шумска површина и исекле околу 1.500.000 кубни метри дрвна маса во вредност околу 6.405.000.000 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава и украсување како

11/11/2025
Македонија

На денешен ден пред 5 години: Два силни земјотреси (ML5.0)

11/11/2025
Македонија

ОД МИНУС ДО ПРЕКУ 20 СТЕПЕНИ Сонце, магла и температури

11/11/2025
Македонија

ВИДЕО Голема заплена во Скопје: Пронајдена марихуана, дигитална вага и

11/11/2025
Македонија

📽️ ГРОБИШТАТА НЕ СЕ ДЕПОНИИ, ТУКУ МЕСТО НА СПОМЕН Ѓорѓиевски

11/11/2025
Македонија

ВРЕДИ ја зголемува цената: По изборниот успех, утре на средба

11/11/2025
Македонија

15 ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ Ќе има

11/11/2025
Македонија

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР ВО СОФИЈА Прегазил куче,

11/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава и украсување како што заслужуваат граѓаните!

11/11/2025

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава и украсување како што заслужуваат граѓаните, најави вечерва градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Во

На денешен ден пред 5 години: Два силни земјотреси (ML5.0) го погодија Мавровскиот регион

11/11/2025

На денешен ден, пред точно пет години, жителите на Мавровскиот регион и пошироката околина беа вознемирени од два умерено силни

ОД МИНУС ДО ПРЕКУ 20 СТЕПЕНИ Сонце, магла и температури кои ќе ве изненадат

11/11/2025

Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува стабилно и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy