
Лил со гол во 91. минута го победи Фенербахче, Мурињо ќе има тешка задача во Истанбул! (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен во 12. минута кога Сантос шутираше, а Остерволде си ја смести топката во мрежата за водство на Лил од 1-0.
Во првиот дел Лил беше подобар, имаше повеќе шанси иако и Фенербахче се закани неколкупати со одлични шанси, пред се на Џеко.
Второто полувреме донесе подобра игра на Фенербахче која кулминираше со прекрасен гол од слободен удар на Кавечи во 80. минута за израмнување на 1-1.
Се чинеше дека со овој резултат ќе заврши мечот, но Жергова во 91. минута даде гол со помош на Сојунчу за победа на Лил од 2-1.
Квалификации за ЛШ:
Карабах – Лудогорец 1-2
Малме – ПАОК 2-2
Митјиланд – Ференцварош 2-0
Динамо Киев – Ренџерс 1-1
Спарта Прага – СКСБ 1-1
Лил – Фенербахче 2-1
Салцбург – Твенте 2-0
