Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лидерите на ЕУ ја поздравија промената на власта во Полска
Македонија

Лидерите на ЕУ ја поздравија промената на власта во Полска

12/12/2023

AA

Врвните претставници на Европската унија позитивно реагираа на претстојната промена на власта во Полска, откако поранешниот опозициски лидер Доналд Туск беше избран од парламентот за следен премиер на земјата, јави ДПА.

„Вашето искуство и вашата силна посветеност на нашите европски вредности ќе бидат вредни за создавање посилна Европа“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Ex.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, од своја страна, му честиташе на Туск по повод гласањето на полскиот парламент. „Вашето искуство и посветеност на европските вредности ќе помогнат да се создаде посилна и пообединета ЕУ“, нагласи Мишел.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола напиша дека сега актуелните предизвици ќе се надминат заедно. Таа додаде дека со нетрпение очекува „да работиме заедно за просперитетна Полска и посилна Европа“.

Туск е лидер на либерално-конзервативната Граѓанска коалиција. Синоќа ја доби поддршката од парламентот, наследувајќи го Матеуш Моравјецки од конзервативната партија Право и правда.

ПиС стана најсилната парламентарна група по изборите на 15 октомври, но не успеа да освои мнозинство. Спротивно на тоа, трите проевропски партии од претходната опозиција, предводени од 66-годишниот Туск, постигнаа јасно мнозинство во полскиот парламент.

Брисел се надева дека промената на власта значително ќе ги подобри односите меѓу Полска и ЕУ. Во ЕУ нема сомнежи за проевропските позиции на Туск, кој беше полски премиер од 2007 до 2014 година и претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година, забележува Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy