
Лица од Скопје и Крива Паланка си добија пријави, пишувале коментари на Фејсбук
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(67) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 22.02.2023, на објава на социјална мрежа Фејсбук, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.В.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 09.07.2022 на објава од портал на социјална мрежа Фејсбук, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.