Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА Е ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА: Голема претпазливост на Волстрит-се очекува да растат каматните стапки
Економија

ОВА Е ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА: Голема претпазливост на Волстрит-се очекува да растат каматните стапки

19/04/2023

AA

На Волстрит, берзанските индекси останаа речиси непроменети во вторникот, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред бранот квартални деловни извештаи од компаниите, кои најверојатно нема да бидат многу светли бидејќи економскиот раст забавува.

Dow Jones загуби 0,03 отсто, на 33.976 поени, а Nasdaq индексот загуби 0,04 отсто, на 12.153 поени. S&P 500 зајакна, од друга страна, за 0,09 отсто, на 4.154 поени.

Стагнацијата на индексот, меѓу другото, се должи и на послабите од очекуваните деловни резултати на инвестициската банка Голдман Сакс и на производствениот гигант Џонсон и Џонсон.

„Ова е мирот пред бурата“

Првите резултати на компаниите од составот на индексот S&P 500 најавуваат мрачна сезона на објавување деловни извештаи со забавување на економскиот раст.

Очекувањата не се многу светли. Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за 4,8 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година.

– Ова е смиреноста пред невремето. Во наредните недели компаниите ќе објавуваат извештаи, а инвеститорите се обидуваат да видат дали има потенцијал за раст на пазарот или не – вели Бред Мекмилан, директор во Комонвелт финансиска мрежа.

Дополнително, инвеститорите ги следат вестите кои би можеле да укажат на тоа што ќе направат лидерите на американската централна банка на состанокот на почетокот на мај.

На пазарот на пари, се проценува дека има околу 80 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Инфлациските притисоци во САД се намалуваат

Инфлациските притисоци во САД се намалуваат, но други економски показатели сугерираат дека ФЕД може да продолжи да ја затегнува монетарната политика.

Џејмс Булард, претседател на ФЕД Св. Луис, тој вчера изјави дека централната банка треба да продолжи да ги зголемува каматните стапки, со оглед на тоа што последните податоци покажуваат дека инфлацијата се уште е присутна.

Рафаел Бостиќ, претседател на филијалата на Банката на федерални резерви во Атланта, рече, сепак, дека ФЕД најверојатно уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки.

И на европските берзи вчера поскапеа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,38 отсто, на 7.909 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,59 отсто, на 15.882 поени, а париски CAC 0,47 отсто, на 7.533 поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy