
Левица поднесува претставка за Упатството на ААВМУ со кое на партијата и е забрането рекламирање за локалните избори
Во прилог на овој меил, Ви ја доставуваме целосната Претставка (вклучувајќи забелешки и правно мислење за противуставноста и политичката дискриминација на Нацрт-упатството за ППР) која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од ПП Левица.
„Со оваа претставка реагираме на Нацртот на новото Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое, според нашата проценка, претставува скандалозно, досега невидено и нечуено толкување на законските одредби, кое е произволно, паушално и противправно.
Според Упатството, се воведува драконски рестриктивна правна интерпретација, која претставува невиден скандал во историјата на независна и плуралистичка Македонија. За прв пат на легално регистрирана политичка партија ѝ се забранува да се рекламира дури и со свои средства. Левица ова го оценува како директна политичка дискриминација и повреда на принципите на еднаквост и рамноправност“, се вели во соопштението на ПП Левица.