Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА: НАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ТАБУ ТЕМА, проблемот со пекарите може да се реши
Економија

ЛЕВИЦА: НАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ТАБУ ТЕМА, проблемот со пекарите може да се реши

03/03/2023

AA

Од политичката партија „Левица“ утринава со пост по повод тензиите кои настанаа меѓу производителите на леб и Владата.
Од оваа политичка партија потенцираат дека во услови на криза, кога претпријатија од клучните сектори на индустријата не се во можност да ја обавуваат својата дејност на пазарот и да остварат задоволителен профит, национализирањето е решение што сè почесто се практикува во ЕУ.
– Спротивно од неолибералниот наратив дека национализацијата се коси со договорите на ЕУ кои ја поддржуваат пазарната либерализација, членот 345 од Договорот за функционирање на ЕУ јасно вели дека “договорите на никаков начин нема да ги нарушат правилата на земјите-членки кои го регулираат системот на сопственост.”
Последните 15 години покажаа дека во време на криза, држави како Германија и Шпанија се подготвени на национализација на банки, па под државна сопственост припаднаа 25% од Германската Комерцијална Банка (2009) и 45% од Шпанската Банкиа (2012). Кризата за време на пандемијата дополнително го поттикна бранот на државно учество во приватни фирми, па Германија доби сопственички удел во Луфтханза (2020) и ТУИ АГ (2021), Финска во Финаир (2021), Латвија во АирБалтик (2020) и Данска и Шведска во САС (2020) – пишува „Левица“.

Од таму додаваат дека проблемот со големите пекари и новонастанатата ситуација во која се одбива да се продава леб по регулирана цена,„ може и е во духот на ЕУ да се решува со делумна или целосна национализација“.
Тие појаснуваат дека доколку овој клучен сектор продолжи да не испорачува леб за граѓаните, Владата мора и ова решение да го разгледа и да не го третира како табу тема.

– Тврдењета на пекарската индустрија дека не се во можност да ги намалат своите цени е неиздржано. Оваа индустрија со месеци е привилигирана и плаќа субвенционирана струја. Дополнително, откупот на пченицата во 2021 се одвиваше по мизерна цена од 8,5 денари, а во 2022 Владата дозволи пекарите ефтино да откупуваат пченица од Србија. Високите цени се евидентно хир на бизнис олигархијата, која својот интерес го става над колективното добро – велат од Левица.

Од оваа политичка партија посочуваат дека иако регулирање на цената на лебот не е совршено решение, бидејќи не се прави разлика меѓу средна класа (мали пекари) и висока класа (големи пекари). Сепак, сметаат дека регулирањето е чекор напред во насока на заштита на граѓаните и нивниот стандард.
– Не треба да се потклекне пред уцените на пекарската индустрија, туку да се награди регулацијата и евентуално да се проблематизира сопственичката структура во овие претпријатија. Левица, во духот на својата автентична левичарска идеологија, цврсто застанува на страна на работниците и сиромашните кои се најсилно погодени од високите цени на лебот, а против големите пекари кои го оставија народот без леб – заклучуваат во нивната објава на „Фајсбук“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy