Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА ЛЕБОТ СТАНА РАМЕН НА „СУВО ЗЛАТО“, ФИРМА ШТО ПРАВИ ЛЕБ НАПРАВИ ЗАГУБА – „Жито Лукс“ ги кажа причините за ланскиот минус
Економија

КОГА ЛЕБОТ СТАНА РАМЕН НА „СУВО ЗЛАТО“, ФИРМА ШТО ПРАВИ ЛЕБ НАПРАВИ ЗАГУБА – „Жито Лукс“ ги кажа причините за ланскиот минус

03/03/2023

AA

Во време кога лебот
станува рамен на „суво злато“, една од македонските компании која прави токму
леб, пријавува дека за минатата година остварила загуба. Станува збор за
најголемиот производител на леб и бели печива, „Жито лукс“, акционерско друштво
кое за лани прикажало негативен финансики резултат од 125 илјади евра.

Но, она што е добра вест,
секако, е што оваа загуба е многу пониска од загубата која била остварена во
претходната 2021 година, а таа изнесувала 287 илјади евра или била повеќе од
двојно повисока. Тоа значи дека компанијата се враќа во игра и дека ја намалува
загубата.

Во своето образложение
кое „Жито лукс“ го испрати преку Македонската берза до инвеститорската јавност,
компанијата и самата нагласува дека споредено со претходната 2021 година, успеала
да го подобри финансискиот резултат за 162 илјади евра, односно да ја намали
загубата за 10 милиони денари.

А, од „Жито лукс“, како
главна причина за нивната загуба за минатата година, ги наведуваат токму
замрзмнатите цени на лебот и брашното, одлуки кои Владата ги донесе во првите
два месеци од минатата година, со цел заштита на животниот стандард на
населението.

Исто така, како една од
причините од „Жито лукс“ ги наведуваат енормно зголемените цени на енергенсите,
но и на пченицата.

„Во 2022 година,
компанијата оствари загуба пред оданочување од седум милиони денари (125 илјади
евра – н.з.). Замрзнатите цени на производите од категоријата леб и брашно во
јануари и февруари, како и енормното зголемување на цените на енергенсите (300
отсто) и суровините (од кои пченицата како основна суровина за 42 отсто), се
главните причинители за негативниот ефект“, се вели во образложението од „Жито
лукс“.

Од Билансот на Успех на
компанијата се гледа дека приходите од продажба лани изнесувале 20 милиони евра
и тиесе зголемени за 20 отсто во однос на 2021 година. Притоа,
оние на домашен пазар бележат зголемување за 20 отсто, додека приходите од
продажба на странски пазар се зголемени за 19 проценти во споредба со
претходната година.

„Порастот на продажбите
на домашен пазар се должи на корекцијата на цените во текот на годината, но и
тие зголемувања не беа доволни за да се покрие континуираниот растечки тренд на
цените на инпутите“, објаснуваат од компанијата.

Останатите оперативни
приходи, пак, изнесуваат 524 илјади евра. Во однос на 2021 година тоа значи
зголемување речиси двојно, односно за 96 проценти, но од компанијата
потенцираат во своето образложение дека тоа е резултат на  нешто што се случило само еднаш и затоа има само
еднократен ефект.

На расходната страна,
пак, трошоците на произведени производи изнесуваат нешто повеќе од 15 милиони
евра, што претставува зголемување за 23 отсто во споредба со претходната
година. Ова зголемување всушност е предизвикано од повисоките цени на нафтатат,
струјата и пченицата, што значи дека зголемувањето се должи пред се на растот
на производните инпути.

Административните трошоци
се зголемени за 4 отсто, додека трошоците за продажбаи дистрибуција се
зголемени за 15 проценти. Финансиските расходи се зголемениза 16 отсто
споредбено со 2021 година.

Она што е за
поздравување, е фактот што „Жито лукс“, независно од остварените резултати, продолжува
интензивно да инвестира.

Или, како што велат од
компанијата, лани направиле во својот капацитет ново вложување од близу еден
милион евра, и она што е битно, е дека поголем дел од инвестираните пари се
искористени за обнова на производствената опрема.

И во наредниот период
компанијата ќе остане посветена на потрошувачите и на зголемување на квалитетот
на своите производи.

„Со фокус на полесно премостување на овој предизвикувачки
период внимателно ја следиме ситуацијата и сите промени во локалната,
регионалната и светската економија за да ги имаме потребните информации во процесот на одлучување и ќе преземеме соодветни чекори, додека остануваме посветени на
снабдување на пазарот со квалитетни производи“, се вели во
образложението од „Жито Лукс“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy