Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Им се кршат работничките права на вработени на „Индустри сервис“
Економија

Левица: Им се кршат работничките права на вработени на „Индустри сервис“

13/12/2024

AA

Левица денеска реагира дека и натаму им се кршат работничките права на вработените од кетеринг фирмата ,,Индустри Сервис” кои ја подготвуваат храната за вработените во ,,Кромберг и Шуберт”.

„Според изјавите на вработените кои нè контактираа во повеќе наврати, повторно им се врши притисок на вработените во кујната да не се потпишуваат во книгата за евиденција во викенди и празници. Воедно, им било соопштено дека не им следува никаков паричен надомест, бидејќи платата им е фиксна (500 евра), без разлика дали своите работни активности ги извршуваат во викенд, празник, трета смена или прекувремени часови. Со тоа, оваа фирма врши експлоатација врз работниците во кујната и грубо кршење на законите за заштита и права на работниците.

Според распоредот на вработените во кујната, некои оделе повеќе од една недела само во трета смена без никаков дополнителен надомест според закон каде што уште еднаш се докажува фактот дека се врши експлоатација врз вработените“, реагираат од политичката партија.

Доказите, според Левица, може да се најдат во камерите во кујната во ,,Кромберг и Шуберт” и картиците за евиденција при влез во Фабриката.

„Лажниот демант кој го испратија од ,,Индустри Сервис” во кој ја негираа ситуацијата е лицемерен кон вработените во целата фабрика!

Левица нема да се извини, туку ќе испрати повторно претставка до Државниот инспекторат за труд како надлежен орган за надзор и контрола на примената на законите и прописите во областа на трудот и правата на работниците.

Ова е голем срам за владата на ДПМНЕ која свесно ја угнетува работничката класа преку ,,Индустри Сервис” за лично профитерство на приватните компании“, додаваат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се

30/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На

30/10/2026
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
Македонија

МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ ЗАКАНА, ИЈЗ БАРА ПОГОЛЕМА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Апел до

30/10/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ За четворицата осомничени

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46467
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се очекуваат во недела и во

30/10/2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата и младите меѓу приоритетите

30/10/2026

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори повика

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На Македонија ѝ требаат успеси, резултати

30/10/2026

Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy