Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Ќе ја турнеме диктатурата и решетки за сите ѕверови кои ја пијат крвтта на обичните луѓе
Македонија

Левица: Ќе ја турнеме диктатурата и решетки за сите ѕверови кои ја пијат крвтта на обичните луѓе

22/11/2023

AA

,,Кога станува јасно дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и останатите партии во Собранието учествуваат во орото кое тие им го свират, кога стана јасно дека во институциите преку Левица е претставена народната воља која се попречува на владеењето на овие бизнис-партии – со вчерашното носење на новиот Деловник во Собранието се формализираше диктатурата на широката коалиција.

Режимот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ има цел целосно да го пороби народот, за државата да им служи единствено за богатење на раководствата на партиите додека под нивната авторитарна чизма се слушаат пискотници од голготата на обичниот народ на кој му е одземено се. Народ чии семејства се разединуваат поради мизеријата која ја приредува политичката олигархија, чии животи се безвредни за монструозната тројка која не престанува да се богати – чиј народен суверенитет се потиштува за конечно и да му се одземе државата. Народ кој се тетерави да се ослободи од фаталниот стисок на сецесионизмот на ДУИ, предавничката нарав на СДС и лажниот патриотизам на ДПМНЕ со чиј благослов се одзима државата – создадена од крвтта на нашите претходници.

118 од 120 пратеници се на истата страна, на страната на бизнисот и профитот, на страната на антимакедонските сили. Со парализа на Собранието, на домот на народот, токму на тој начин, ДПМНЕ со сигурност ќе ги внесе и Бугарите во Уставот во следниот мандат. Се ќе направат за да продолжат да владеат. Да владеат и ненаситно да се богатат, па и по цена на расчеречување на државата.

За вчерашното грозоморно прекршување на Уставот и законите на Република Македонија, Левица ќе поднесе кривична против Талат Џафери и архиварите во Собранието а услов на Левица за формирање на секоја идна влада ќе биде процесирање на кривичните пријави и конечно затвор за сегашниот собраниски спикер.

Македонскиот народ, под деценискиот притисок на овие човекојадци од СДС-ДУИ-ДПМНЕ го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани од оваа ламја со три глави – преку партијата на народните маси Левица, во антифашистички и народен фронт спремен за финална пресметка. Сите велепредавници кои ја овозможуваат и ја продлабочуваат диктатурата на анти-македонската политичка олигархија, ќе се соочат со безмилосен крај кој ќе ги стави зад решетки овие ѕверови кои ја пијат крвтта на обичните луѓе.

Ќе ве победиме!”

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy