СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖЕН ПАЦИФИК: Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Вануату
ЗЕМЈОТРЕС со јачина од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран крај брегот на Вануату во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил утринава во 04:47 часот по локално време во близина на брегот на Вануату, а бил на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.