Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
Македонија

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе лиценцата од ЕВН Хоум

27/11/2023

AA

Денови повторно е актуелна темата за законската обврска – Универзалниот снабдувач со електрична енергија да ја објави цената за потрошувачите, што во суштина ништо нема да смени во однос на формирањето и утврдувањето на цената. Целта на овој спин е да се одвлече вниманието на јавноста од главниот настан, а тоа е истекот на лиценцата на ЕВН Хоме како универзален снабдувач.

Владата во заминување веќе го подготвува тендерот кој набрзо ќе биде објавен, каде единствен услов за добивање на новата петгодишна лиценца ќе биде понудата на најниска маржа. Во изминативе пет години маржата на ЕВН Хоме беше 11,5%, односно граѓаните пет години плаќаа струја поскапа за 11,5%!

Левица во неколку наврати апелира државната ЕСМ Продажба да ја преземе улогата на Универзален снабдувач и со тоа државата и граѓаните да заштедат милиони евра, кои се прелеваат кај австриските газди. Ја повикуваме Владата да ја подготви државната ЕСМ Продажба за успешно учество во тендерската постапка за оваа дејност и со тоа ЕСМ Продажба да ја преземе улогата на Универзален снабдувач.

Ја потсетуваме јавноста дека тендерот за оваа дејност – „Универзален снабдувач“ го изготвува Владата, која истовремено треба да ја подготви својата компанија ЕСМ Продажба за успешно учество на сопствениот тендер.

Над 60% од бизнисот со електрична енергија во Македонија го владее австриската ЕВН преку своите фирми ЕВН Хоме и ЕВН Снабдување, а дополнително ја поседува и електродистрибутивната мрежа во државата. Ова не е само монополска позиција на ЕВН, туку е и зависност на државата од оваа фирма, што претставува и реална закана за енергетската стабилност на Македонија. Сето ова е резултат на поданичкиот однос на владите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ изминативе 18 години, односно од моментот кога австриската ЕВН ја купи електродистрибутивната мрежа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy