Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Летото 2025 со натпросечни температури, но и нестабилности – опасноста од суши и пожари поумерена од лани
Македонија

Летото 2025 со натпросечни температури, но и нестабилности – опасноста од суши и пожари поумерена од лани

26/06/2025

AA

Летниот период (јули, август и септември) годинава се очекува да биде потопол од просекот, со појава на топлотни бранови и повремени нестабилности, покажуваат најновите метеоролошки и климатски анализи.

Според прогнозите, температурите во јули и август ќе бидат за 1 до 2 степени Целзиусови повисоки од климатската норма (1991–2020), особено во низинските и урбаните региони. Веќе денеска се очекува температурите да надминат 40 степени, а првата поголема нестабилност ќе настапи кон крајот на неделата – попладне во петок кон сабота (27/28 јуни). Нова дестабилизација се прогнозира околу 3 и 4 јули.

Според професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје, летото 2025 носи поумерен карактер во однос на минатата година. Во најновиот климатски билтен тие наведуваат дека, иако се очекуваат топлотни бранови со умерен интензитет и зголемени сушни услови, опасноста од екстремни суши и пожари ќе биде помала.

„Излезите од неколку метеоролошки модели укажуваат на синоптички и динамички сигнали за засилено Атлантско влијание, со понизок воздушен притисок над југоисточна Европа и повисок над северните делови од континентот. Овој образец создава поволни услови за летни нестабилности, како што се локални врнежи, грмежливи процеси и атмосфера со динамична циркулација“, посочуваат професорите.

Податоците од ECMWF и Коперниковата служба за климатски промени (C3S) потврдуваат дека температурите во јули и август ќе бидат над просекот, додека количините на врнежи ќе бидат блиску до нормалата, но нерамномерно распределени. Се очекува зголемена веројатност за краткотрајни, но интензивни локални непогоди.

Посебна внимателност ќе биде потребна во втората половина од јули и август, кога фазата на зреење на вегетацијата ја зголемува опасноста од пожари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46636
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не беше случај во времето на

06/11/2026

Извештајот на Европската Комисија категорично потврдува дека актуелната Влада никогаш не го злоупотребила европското знаменце за некој закон, што не

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува на ставот за уставни измени

06/11/2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената е во инвалидска количка

06/11/2026

Шеесетгодишен маж од Гостивар е уапсен под сомнение дека подолг период ја принудувал својата 80-годишна мајка, која се движи со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy