Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Лекот е секогаш 5 пари“ – Рашковски излезе со 5 чекори за запирање на дојавите за бомби!
Македонија

„Лекот е секогаш 5 пари“ – Рашковски излезе со 5 чекори за запирање на дојавите за бомби!

12/03/2023

AA

Екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски до медиумите денеска испрати 5 чекори за запирање на дојавите за бомби во училиштатат за 24 часа.

„Тоа што не се јавно објавуваат не значи дека ги нема. Тоа што сторителите не се пронајдени е вториот аспект, затоа што ниедно кривично дело не смее да остане неказнето. Тоа што повеќе загрижува е способноста да се справиме со ваквите сајбер напади, затоа што ова нема да е крај – дигитализацијата тек почнува. Отворете ChatGPT и замислете само – ако ова ни се дава јавно и бесплатно, што тогаш во светот на вештачката интелигенција има, а е тајно.

Нас не помести од место една навидум показна вежба за да видиме дали можеме на овој напад да возвратиме превентивно. Од методите кои можевме да ги превземеме, ние решивме да игнорираме, а што можевме да направиме и воопшто до ова да не дојдеше:

ЧЕКОР 1 – Сите маил адреси на наставниците и административниот кадар во училиштата да се променат и како такви да се стават во една дата база.

ЧЕКОР 2 – МВР да ја стави таквата дата база во дата центарот во Прилеп, кој според надворешниот изглед делува ветувачки.

ЧЕКОР 3 – Да се отстранат сите стари маил адреси од веб страните на училиштата

ЧЕКОР 4 – На местата каде што стоеле старите маил адреси до името на наставниците или административниот кадар да се стави копче со назив – ПОБАРАЈ МАИЛ АДРЕСА. Откако ќе се кликне ќе го одведе посетителот до веб страна поврзана со дата базата од ЧЕКОР 1 при што на таа страница ќе проверува од каде доаѓа барањето, и доколку истото барање доаѓа од IP адреса надвор од нашата земја или пак од сомнителна локација ќе му побара и телефонски број на кој да му ја испрати маил адресата од наставникот или административниот кадар. На тој начин ќе се заштитиме од тоа да ги даваме новите маил адреси на секого.

ЧЕКОР 5 – Дополнително, со цел да се заштитиме од тоа дека не станува збор за алгоритам кој ги собира маил адресите од наставниците и административниот кадар, доколку барањето за добивање на маил адреса доаѓа од IP адреса која е надвор од нашата земја, тогаш барателот на информацијата ќе треба да реши стандардна логичка задача, како што сме навикнати да гледаме, а прикажана на следнава слика.

Со ова имаме двоен бенефит – Мејловите се заштитени и огромни се шансите да дознаеме од каде доаѓале досегашните закани.

Бидејќи не сите се познавачи на информатичката технологија, ваквиот предлог би сакал да го компарирам со дел од секојдневието, каде го постигнуваме истиот ефект.

Доколку сакаме да спречиме некој да ни остави заканувачко писмо во поштенските сандачиња пред куќа или долу пред зграда и кога не сакаме секој да ни влегува дворот или во зградата што треба да направиме:

ЧЕКОР 1 – ја променуваме постојната шифра за влез во зградата или дворот и поставуваме видеофон

ЧЕКОР 2 – Ги внесуваме сандачињата за пошта позади оградата, односно влезната врата во зграда

ЧЕКОР 3 – Ставаме упатство на влезна врата дека секој кој сака да влезе треба да звони на видеофон

ЧЕКОР 4 – Ние го гледаме на камера и одлучуваме дали ќе го пуштиме

ЧЕКОР 5 – Кој и да побара влез треба да има добро објаснување, а секој ќе знае дека неговото влегување се снима.

Ако ги оставиме сандачињата надвор, нормално е непознати лица да ни уфрлаат се и сешто внатре.

НАРОДНА ПОГОВОРКА – Лекот е секогаш 5 пари“, се вели во соопштението

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy