Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕФКОВ: „Дрин Ахмети незаконски заработил милионски суми под закрила на Крешник Бектеши“
Економија

ЛЕФКОВ: „Дрин Ахмети незаконски заработил милионски суми под закрила на Крешник Бектеши“

28/07/2024

AA

Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“ експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Ахмети бил под закрила на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола тој продолжил да работи и да ниже милионски тендери.

„Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД ‘ЕСМ‘ во вкупен износ од 7 670 000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП ‘Водовод и канализација‘ од Прилеп во вкупен износ од 944 000 денари со вклучен ДДВ“, изјави пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефков, доколку Бектеши и владата на СДСМ и ДУИ постапеле по закон, фирмата на Ахмети немало да добие над осум милиони денари од тендерите.

„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy