Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕФКОВ: „Дрин Ахмети незаконски заработил милионски суми под закрила на Крешник Бектеши“
Економија

ЛЕФКОВ: „Дрин Ахмети незаконски заработил милионски суми под закрила на Крешник Бектеши“

28/07/2024

AA

Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“ експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Ахмети бил под закрила на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола тој продолжил да работи и да ниже милионски тендери.

„Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД ‘ЕСМ‘ во вкупен износ од 7 670 000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП ‘Водовод и канализација‘ од Прилеп во вкупен износ од 944 000 денари со вклучен ДДВ“, изјави пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефков, доколку Бектеши и владата на СДСМ и ДУИ постапеле по закон, фирмата на Ахмети немало да добие над осум милиони денари од тендерите.

„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со

21/02/2026
Македонија

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“

21/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар

21/02/2026
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со брзина од 60 километри на

21/02/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег.

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“ револтирани од бавното судење и

21/02/2026

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата „Пулс“, преку јавно обраќање упати остри критики кон институциите. Тој ги

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот

21/02/2026

Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy