
Леао со голчиште стави крај на победничката низа на Аталанта (ВИДЕО)
„Росонерите“ поведоа уште во третата минута со фантастичниот погодок на Леао, кој прво мајсторски мина меѓу двајца противнички фудбалери, за потоа ептен откосо да ја погоди мрежата на ривалот. Гостите во финишот од првото полувреме дојдоа до изедначување и тоа со погодокот на Копмајнерс од пенал.
Милан сега има четири бодови помалку од второпласираниот Јувентус, додека Аталанта остана петта со 46 бодови.