Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните
Македонија

ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните

21/07/2023

AA

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.

– Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.

Од партијата посочуваат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.

– Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните.

Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026
Македонија

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во

11/07/2026
Македонија

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за

11/07/2026
Македонија

Мицкоски дециден: Нема да потпишам капитулација за Уставот, ако народот

11/07/2026
Македонија

Јаневска најави затворање на нелегални универзитети, под клуч веќе се

11/07/2026
Македонија

Најавите за работа до 72 години ја брануваат јавноста

11/07/2026
Македонија

Филмско бегство во Кочани: Осомничен за дрога избега преку прозорец

11/07/2026
Македонија

Андоновски: Дијаспората треба да гласа електронски, за три години дигитализацијата

11/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026

Еден од најозлогласените криминални картели кој доминира во скопското подземје е групата позната како „Беланоца“, која во одредени оперативни извештаи

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во Гази Баба

11/07/2026

Тешка несреќа на работа со смртни последици се случила вчера во раните попладневни часови во скопската општина Гази Баба. Како

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за малку ќе биде вовлечен во

11/07/2026

Македонските воздухопловни власти, а не грчките, ќе ја раководат меѓународната истрага за застрашувачкиот инцидент на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ (извршен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy