Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Лажните“ фактури за поевтин зелечнук и овошје испратени на проверка во Грција, Албанија, Турција и Србија
Економија

„Лажните“ фактури за поевтин зелечнук и овошје испратени на проверка во Грција, Албанија, Турција и Србија

14/04/2023

AA

Царинската управа узвести дека фактурите на увозниците на овошје и зеленчук, за кои државата се сомнева дека се фалсификувани и дека намерно прикажуваат помали трошоци заради помало царинење, се испратени на проверка кај надлчежните оргфани од каде изминатиот период се увезуваа овие прехранбени продукти – Грција, Турција, Србија и Албанија.

Станува збор за фактури кои навидум делуваат како лажно прикажани, а Царинската управа очекува одговор најдоцна за 10 месеци, з апотоа постапката за утврдување одговорност да може да продолжи.

„Во врска со изнесените сомневања во јавноста дека се приложувани лажни фактури при увозот на земјоделски производи, по извршената анализа за период од 1 јануари до 6 април 2023 година, Царинската управа информира дека на дополнителна проверка на декларираната вредност се испратени фактури приложени кон увозните царински декларации за  11 увозници и тоа во царинските администрации на Грција, Србија, Турција и Албанија соодветно, во зависност од земјата од каде се извезени овие производи. 

Врз основа на претходни сомневања за веродостојноост на приложени фактури за увезени земјоделски производи, во декември 2022 година за два од овие увозници, на дополнителна проверка веќе се испратени фактури приложени кон увозни царински декларации до царинската администрација на земјата извозник – Грција.

Согласно меѓународните спогодби со кои се регулира оваа административна соработка меѓу царинските служби, предвидени се рокови од 10 месеци за одговор на овие барања од страна на царинската служба на земјата извозник“, се вели во соопштението на Царина.

Доколку добиените одговори од царинските администрации на Србија, Турција, Албанија и Грција ги потврдат сомневањата дека се приложувале лажни фактури при спроведувањето на увозната постапка, Царинската управа за овие увозници ќе покрене постапка за дополнителна наплата на избегнатите давачки, како и постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност, во зависност од износот на избегнатите давачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46750
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да

12/11/2026

Состојбата што ја затекнав во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекував пред преземањето на функцијата, вели државниот

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН

12/11/2026

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување од УХМР

12/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово и предупредување за опасност од силен ветер во Западна Македонија и жолто предупредување за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy