
Лазаров задоволен по победата: „Можевме и поубедливо“
По драматичниот триумф над Романија, селекторот на македонската ракометна селекција Кире Лазаров оцени дека екипата го одигра потребниот меч за победа, но изрази жалење што резултатот не беше повисок.
Лазаров потенцираше дека Македонија одиграло добро против, како што рече, цврста и силна репрезентација. Според него, селекцијата била изненадена од високата предност од седум до осум голови во првиот дел, иако Романија во тие моменти била немоќна, а македонските ракометари имаа добри позиции за реализација.
Во продолжението, поради исклучувања и повреди, тимот морал повеќе да внимава офанзивно, што се одразило врз играта во одбраната. Селекторот посочи дека очекувал конечниот резултат да биде повисок, најмалку за три до пет голови, но нагласи дека надеж за понатамошен пласман постои, иако шансите се минимални.
Пласманот во следната фаза, според Лазаров, зависи од висока победа на Данска против Португалија. Тој оцени дека задачата е исклучително тешка, но не и невозможна.
Лазаров им упати честитки на ракометарите за прикажаната игра, истакнувајќи дека нема забелешки на нивниот настап. Повторно се осврна и на проблемот со концентрацијата и менталната стабилност, наведувајќи дека желбата била Македонија да се најде меѓу најдобрите 12 репрезентации, за што било потребно повеќе присебност во клучните моменти.
На крајот, селекторот порача дека Македонија ќе продолжи да ја бодри Данска и дека екипата оди понатаму со крената глава.
