Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДРАСТИЧНО ГИ НАМАЛИ СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ Се намалува и бројот на прекршоците
Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДРАСТИЧНО ГИ НАМАЛИ СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ Се намалува и бројот на прекршоците

20/01/2026

AA

Горд сум на граѓаните затоа што имаме драстично намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Скопје откако почна пробниот период на „Безбеден град”, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

– Сакам да им се заблагодарам на граѓаните затоа што докажаа дека без казни успеаја бројот на загинати да го намалат од 11 на два смртни случаи во периодот декември-јануари, споредено со декември 2024-јануари 2025 година. Бројот на повредени граѓани на територијата на СВР Скопје за овие 50 дена колку што функционира „Безбеден град” е намален за 35 посто – истакна министерот Тошковски.

Тој потенцира дека целта на проектот „Безбеден град” е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, колку што е можно помалку повредени и најважно од се, колку што е можно помалку човечки жртви.

– Почнавме од 100.000 прекршоци дневно, но сега се драстично помалку. Сепак, се уште станува збор за голема бројка – рече Тошковски.

Тој појасни дека “Безбеден град” ќе санкционира четири прекршоци.

– Системот „Безбеден град” ќе констатира минување на црвено светло, возење со брзина над дозволената, неправилно паркирање и нерегистирани возило. Многу е важно да знаеме дека ние оваа придобивка на паметните камери ја имаме наназад 15 години. Министерството за внатрешни работи повеќе од 15 години ги користи во рамки на својата оперативна и криминалистичка дејност од аспект на откривање на сторен криминал. Секако дека камерите ќе бидат користени и за конкретни кривични дела кои што се потребни да се откријат, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнувајќи дека платниот налог ќе може да биде регулиран електронски, традиционално во банка или во било која полициска станица, како и на сите електронски апликации на банките.

– Ќе има и посебна апликација која што ќе биде изготвена од страна на МВР и ќе биде овозможена да се користи од страна на граѓаните, каде што со посебна заштита и автентификација на корисникот ќе се осигураме дека станува збор за таа личност дека ја користи апликацијата, ќе добие соодветни информации на меил адресата и на телефонскиот број што го оставила личноста и ќе може да се најави на предметната апликација. На таа апликација ќе може да се изврши уплата, да изврши увид на сите санкции кои се изречени итн – рече министерот Тошковски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy