Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лавров на СБ на ОН: Расте опасноста од глобален конфликт
Македонија

Лавров на СБ на ОН: Расте опасноста од глобален конфликт

21/09/2023

AA

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати пред Советот за безбедност на ОН, каде што се одржува седница за Украина и предупреди дека расте опасноста од глобален конфликт.

– Опасноста од глобален конфликт расте. Токму поради тоа, за да се намали тој ризик и да се стават настаните на мирен колосек, Русија инсистираше и инсистира да се почитуваат и применуваат сите принципи на Повелбата на ОН, не селективно, туку целосно и во меѓусебна врска, вклучително и принципите на суверена еднаквост на државите, немешање во нивните внатрешни прашања, почитување на територијалниот интегритет и правото на народот на самоопределување, рече Лавров.

Тој исто така рече дека денес Западот се свртува кон принципите на Повелбата на ОН „само во согласност со своите себични геополитички потреби, а тоа неминовно води до глобална дестабилизација“.

Лавров нагласи дека по крајот на Студената војна, колективниот Запад, предводен од САД, „произволно го презеде чинот на арбитер на судбините на целото човештво и, зафатен од комплексот на исклучителност, почна сè повеќе да го игнорира наследството на основачите на Обединетите нации“.

Според него, поддршката што Западот ја дава, како што рече, „на режимот во Киев по референдумот на Крим и Донбас е кршење на принципот на самоопределување“.

Лавров истакна дека Русија не ги отфрла преговорите за Украина.

Обраќајќи му се на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Лавров потсети дека украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се забрануваат преговори.

– Ако сакаат САД можат да му наредат на Зеленски да го укине декретот за забрана на дијалогот со Москва, рече рускиот министер.

Шефот на руската дипломатија додаде дека Западот избегнува суштинска дискусија за причините за конфликтот во Украина бидејќи нема валидни аргументи.

– Денес реториката на нашите противници се состои само од паролите: „инвазија“, „агресија“, „анексија“. Нема збор за основните причини за проблемот, за тоа како тие со години внимателно го поддржуваа нацистичкиот режим, кој отворено ги ревидираше резултатите од Втората светска војна и историјата на сопствениот народ. Суштински разговор, заснован на факти и почитување на сè што е предвидено во Повелбата на ОН – Западот избегнува. Очигледно е дека немаат валидни аргументи, рече Лавров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy