Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАНИ ИМАЛО ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ОПЕРАЦИИ НА ДОБРИ И ЛОШИ ТУМОРИ Не се пријавил ниту еден кандидат за специјализација на патологија, а потребни се петмина
Македонија

ЛАНИ ИМАЛО ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ОПЕРАЦИИ НА ДОБРИ И ЛОШИ ТУМОРИ Не се пријавил ниту еден кандидат за специјализација на патологија, а потребни се петмина

04/02/2026

AA

Во текот на 2025 година се направени околу 14.000 хируршки интервенции за бенигни и за малигни тумори, од кои околу 8.000 се за ин-ситу или суспектен рак. Ова е значителен број што нашите хирурзи во Македонија успеаја да го постигнат и треба да им оддадеме признание, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

На прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, Клековски презентираше податоци за раното откривање, хируршките интервенции и новините во дијагностиката и во терапијата.

Директорот на ФЗО посочи дека минатата година фокусот бил ставен на засилување на раното откривање преку набавка на опрема и зголемување на бројот на прегледи.

– Во 2025 година се направени повеќе од 13.000 комплетни интервенции, прегледи за дојка, вклучувајќи мамографија, ултразвук, магнетна резонанца, биопсија. Ендоскопии, вклучувајќи ректоскопија, гастроскопија, колоноскопија, се направени околу 18.000 вкупно. Не сме задоволни од бројот на направени колоноскопии, земајќи предвид дека сите граѓани над 50 години треба да направат една превентивна колоноскопија и ги охрабрувам сите возрасни да го направат тоа – рече Клековски.

Според податоците од ФЗО, во 2025 година биле реализирани вкупно 17.581 ендоскопски прегледи, од кои 7.096 колоноскопии и 9.807 гастроскопии. Во делот на дијагностиката на дојка, реализирани се вкупно 13.042 услуги, при што доминираат мамографиите со 7.076 прегледи.

Клековски нагласи дека значаен напредок е постигнат во патологијата и во молекуларната дијагностика, со зголемување на буџетите за Институтот за патологија и за Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), како и вклучување на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во мрежата. И покрај новите вработувања и доделените четири специјализации, директорот на ФЗО предупреди на сериозен дефицит на кадар во внатрешноста.

– Добрата вест е дека има нови вработувања и на Клиниката за радиотерапија и онкологија, на Институтот за патологија, вкупно четири нови специјализанти. Лошата вест е дека на два обновени огласа за патологија, пет места мислам вкупно, не се има јавено ниту еден кандидат – истакна Клековски.

И покрај кадровските ограничувања, во земјава се направени над 20.000 хистопатолошки анализи и околу 2.000 молекуларни и генетски истражувања. Како новина се воведува „рефлексно тестирање“, кое треба значително да го скрати времето за дијагностика.

– Работиме понатаму во Институтот за патологија, кој е главниот обезбедувач на овие услуги во земјата, да го скратиме времето на тестирање од кога молекуларно ќе се потврди дека е рак, до генетската анализа, со таканареченото рефлексно тестирање, за самиот патолог да може да донесе одлука и според директориумите за истражување без нови упати – појасни директорот на Фондот.

Во однос на Онкологија, Клековски информираше дека буџетот за лекови во 2025 година бил зголемен за 70 отсто во споредба со претходната година, со цел да се обезбеди континуитет на терапијата. Тој најави и потреба од итно обновување на официјалните водичи за лекување, кои датираат од 2008 година.

– Зборуваме за третман на пациенти кои се речиси со метастази, ние мораме да имаме проценка за ефикасноста на оваа терапија. Оваа терапија е исклучително скапа и доколку нема ефект, не би требало да се продолжува за да ги имаме за ситуации кога треба да има ефект. И тука важна алка е ПЕТ Центарот – рече Клековски, додавајќи дека во 2025 година се направени над 2.007 ПЕТ снимки, а целта е да се достигне бројка од 5.000 до 6.000 годишно.

Прашан за листите на чекање и достапноста на иновативни терапии, Клековски дециден дека мора да постојат јасни критериуми кои ќе важат подеднакво за сите.

– Не смее да имаме поповластени, многу повластени или привилегирани граѓани – подвлече директорот на ФЗО.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно

11/06/2026
Македонија

Варнс предупредува: Најевтината ИТ опрема може да стане најскапиот безбедносен

11/06/2026
Македонија

Перински: Со парите од државата и унгарскиот заем се отворени

11/06/2026
Македонија

Перински: Не градиме површни решенија, туку процеси кои ќе траат

11/06/2026
Македонија

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско

11/06/2026
Македонија

ДРАМА КАЈ ШТИП: Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат

11/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43719
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно поради неажурирани даночни бази, Скопје

11/06/2026

Во рамките на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, отвори неколку клучни теми

Варнс предупредува: Најевтината ИТ опрема може да стане најскапиот безбедносен ризик за Западен Балкан

11/06/2026

Регионот на Западен Балкан поседува силен претприемачки дух и стратешка позиција за да биде активен лидер, а не само пасивен

Перински: Со парите од државата и унгарскиот заем се отворени над 1.100 проекти низ општините,

11/06/2026

Владата преку Министерството за локална самоуправа успешно менаџира со гигантски инвестициски циклус од вкупно 1.116 инфраструктурни проекти низ македонските општини.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy