
Лахоз за спорниот момент во Лајпциг: Лудост е за ова да биде поништен гол
Бенјамин Шешко ја затресе мрежата на Лунин, но неговиот гол не се важи поради офсајд. Лахоз е аналитичар за телевизијата Мовистар и не се согласува со тоа.
„Да бидеме чесни и фер: ова е лудост. Лудо е да се поништи гол за ова“, рече Лахоз кој и самиот во кариерата имаше многу спорни одлуки.
По поништениот гол, на полувреме си замина без голови, но Реал поведе преку Брахим Дијаз на стартот на вториот дел.
