Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кузмановски: Загубивме фокус, но зошто да не одиме по победа во Португалија!
Спорт

Кузмановски: Загубивме фокус, но зошто да не одиме по победа во Португалија!

09/03/2023

AA

Филип Кузмановски ја прифати улогата на лидер на оваа млада Македонија и со пет гола од осум обиди даде свој придонес во поразот со 23-29.

По натпреварот истакна дека уште на теренот почувствувал дека загубиле фокус, дека правеа грешки на периоди и со тоа ѝ дозволија на една сериозна репрезентација да се одлепи.

„Максимално се подготвувавме, знаевме против каков противник играме, знаеме која е Португалија, но рековме на стартот на квалификациите ќе се бориме и за прво место во групата. Лошо го отворивме натпреварот, со многу технички грешки, мислам дека не бевме фокусирани. Ќе треба добро да анализираме и да видиме каде погрешивме. Исто така мора да ја подобриме и реализацијата со играч повеќе. Мора да направиме добра анализа, да се одигра уште еден борбен меч на гости и зошто да не одиме на победа. Се трудиме секогаш да дадеме максимум за Македонија“, вели Кузмановски.

Сакал или не, тој беше предводник на овие млади момци, па во таков самоуверен стил го најави и реваншот во Португалија, в недела.

„Сега имаме 2-3 дена добро да се подготвиме и во Португалија да одиграме добар меч. Знаеме дека можеме да се носиме со сите репрезентации. Гледаме дека има изненадувања во овие квалификации. Ќе растеме како екипа, за брзо време очекувам да напредуваме. Со оглед на отсуството на некои играчи, навистина има тежина да се биде лидер. Треба да се биде пример за помладите. Така беше и кога јас бев млад“, рече Кузмановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy