
Кузмановски со 10 погодоци го наполни голот на Бутел
Двете екипи играа израмнет ракомет во текот на поголемиот дел од првото полувреме, а Пелистер го засили темпото во завршницата и замина на паузата со водство од 15-12.
Бутел во вториот дел намали на 17-19, но тоа беше сè од скопскиот гигант затоа што Пелистер го контролираше мечот во продолжение од средбата и славеше со 28-24.
Кузмановски беше најдобар на натпреварот со 10 голови, додека Филип Николов постигна осум погодоци за Бутел.
Охрид ја надигра Струга во езерското дерби со 31-24, а најдобри во победничкиот тим беа Гал Цицар и Теимураз Орјоникидзе со по шест голови, додека Бошњак постигна 13 погодоци за поразениот клуб.
