
КУРТИ: Српските воени злосторства во Косово се документираат
Српските воени злосторства во Косово се документираат, вели косовскиот премиер Албин Курти.
Владата во септември лани го усвои нацрт-законот за Институтот за злосторства извршени за време на војната во Косово од 1 јануари 1998 година до 20 јуни 1999 година, кој потоа е усвоен и во Собранието на Косово. Курти изјави дека неговата влада ја исполнува преземената обврска за операционализација на Институтот за документирање на злосторствата извршени од страна на Србија за време на војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти денеска на својата страница на Фејсбук сподели видео од моментот кога вчера во Институтот е извршено примопредавањето на првите документи со кои се докажуваат злосторствата извршени од српските полициски, воени и паравоени формации во Косово во последната војна. Тој се заблагодари на семејствата на исчезнатите за нивната посветеност во документирањето на злосторствата.
Основачот на УЧК Адем Јашари доби биста во косовскиот дел на Митровица.
foto Facebook/Albin Kurti
