Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: СДСМ изгради и обнови над 1510 километри пат, ДПМНЕ правеше споменици и стиропор
Македонија

СДСМ: СДСМ изгради и обнови над 1510 километри пат, ДПМНЕ правеше споменици и стиропор

18/02/2024

AA

Од СДСМ велат дека ДПМНЕ е последната партија којшто може да говори за инфраструктура и инвестиции.

„Тоа е партијата која спроведуваше криминални проекти како Скопје 2014 за богатење на поединци од белиот дворец.

Стиропор, жални врби и споменици не се инфраструктура.

Бројките и фактите покажуваат дека СДСМ изгради и обнови 1510 километри патна мрежа, во споредба со ДПМНЕ која за 11 години едвај 660 километри.

Најголемото ниво на капитални инвестиции во време на ДПМНЕ беше едвај 270 милиони евра, СДСМ веќе реализираше над 707 милиони евра капитални инвестиции.

Патишта, гасоводи, канализации, водоводи…

Автопатот Миладиновци – Штип кој беше со околу 50% прогрес кога ја превземавме власта во 2017 година го изгради СДСМ.
Се градат автопати на повеќе делници, Скопје-Блаце, Кичево – Охрид, а започнаа и нови, Тетово-Гостивар- Букојчани, Прилеп-Битола, Требеништа – Струга – Ќафасан.

Само за неколку години СДСМ изгради неколку нови експресни патишта, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, а во 2024 година завршуваме со изградба на уште два нови експресните патишта Ранковце-Крива Паланка и Градско кон Прилеп и оваа година и овие ќе бидат пуштени во употреба.

Коридорот 8 го вметнавме на главната мрежа на европски коридори и следува изградба и модернизација на целиот коридор 8 и коридорот 10д.

Со инвестиција од 70 милиони евра обновивме 180 локални улици во над 70 општини ширум државата.

Конечно започна градбата на најголемата инвестиција во железницата, новата пруга кон Бугарија вредна 750 милиони евра.

Од Битола до Кременица пругата исто така е завршена и пуштена во употреба во време на СДСМ.

Изградивме социјални згради во 9 општини и го решивме станбеното прашање на преку 300 семејства.

Нема сегмент во инфраструктурата во којшто ДПМНЕ може да се споредува, СДСМ напраевено неколкупати повеќе од ДПМНЕ и тоа се факти“, додаваат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy