Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КУРТИ: Цврстиот сојуз на Србија со Русија е реален редовен безбедносен ризик
Регион

КУРТИ: Цврстиот сојуз на Србија со Русија е реален редовен безбедносен ризик

13/02/2024

AA

Србија ја остава отворена можноста за „инвазија на Косово“, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Тој изјави дека „цврстиот сојуз на Србија со Русија е реален редовен безбедносен ризик“ со кој Косово се соочува и дека поради тоа е неопходен итен договор за нормализација на односите кој двете страни ќе го потпишат. Курти на панел дискусија во Лондон, организирана од институтот Четам хаус, кажал и дека присуството на Русија на Балканот расте преку Србија, и дека потпишаниот договор би значел „правна сигурност и спроведување на она за што се договориле страните“.

„Одбивањето на потпишувањето на договорот значи и дека Србија сака да ја остави отворена опцијата за инвазија на Косово“, кажа Курти.

Тој повторно ја обвини Србија дека стои зад инцидентот во Бањска на 24 септември лани, кога косовската полиција се соочи со група вооружени Срби. Официјален Белград ги негира овие обвинувања.

Белград и Приштина минатата година го прифатија договорот за нормализација на односите на предлог на Европската Унија(ЕУ) и анекс документот за негова имплементација.

Меѓутоа, претседателот на Србија Александар Вучиќ одбива да го потпише, на што инсистира Курти. ЕУ која посредува на дијалогот, во неколку наврати наведе дека договорот, без оглед што не е потпишан, е правно обврзувачки.

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41545
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата во Кичево

17/02/2026

Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На патот кон Попова Шапка има

17/02/2026

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места,  во западните делови од државата со

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy