
КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин
Куба испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин затоа што сака да се зачлени во БРИКС.
Кубанскиот дипломат Карлос Мигел Переира обелодени дека земјата сака да биде дел од БРИКС. Тој додаде дека БРИКС се консолидира како клучен играч во глобалната геополитика и дека им нуди надеж на земјите од југот. Групата е основана во 2009 година.
Изјавите на Переира доаѓаат две недели пред состанокот на членките на БРИКС на годишниот самит на блокот закажан за 22 и 24 октомври во рускиот град Казан.
Претходно, Азербејџан потврди дека се залага за членство во БРИКС.
foto freepik.com/natanaelginting