Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крвава тепачка за долг во Битола
Магазин

Крвава тепачка за долг во Битола

26/01/2024

AA

 

БИТОЛА – Крвава тепачка со „филмски кадри“ се случила пред четири дена во Битола во која на еден од повредните од силните удари му бил сменет личниот опис. Тепачката се случила во кафеана во близина на железничката станица во Битола, некаде пред полноќ, кога заради нерасчистени долгови, неофицијално, напаѓачите удирале со столици и други алатки кон должниците кои во тој момент вечерале, а еден од нападнатите наводно имал и остар предмет во рацете во обид да се одбрани. Но, без успех. За среќа во кафената немало многу гости, масите биле речиси празни.

Од битолската Клиничка болница, официјално за „Независен“ потврдија дека им укажале лекарска грижа на двајца од нападнатите, од кои едниот со скршеници се уште е хоспитализиран на одделот за Максилофацијална хирургија, а другиот пуштен дома.

„Примени се двајца пациенти во Клиничката болница во Битола од кои едниот е со полесни повреди и е упатен на одделението за Неврологија, каде бил хоспитализира до 24 јануари, кога бил испратен дома. Додека пак, другиот повреден пациент е примен на одделението за Максилофацијална хирургија со скршеница на вилица и е задржан на лекување в истото одделение. Тој сѐ уште е хоспитализиран“, потврдуваат од прес-службата на боолницата.  

СВР Битола го потврдува настанот, а напаѓачите веќе се лишени од слобода.

„Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Д.(42), Д.С.(43) и И.Ј.(40), сите од Битола. Тие се сомничат дека на 22.01.2024 околу 22.30 часот во угостителски објект во Битола, поради нерасчистени должничко доверителски односи, физички ги нападнале И.Т.(44) и Н.Ј., двајцата од Битола, при што на И.Т. му нанеле тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, одговорија од Сектор за односи со јавноста на СВР Битола за „Независен“. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy