Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крвава пресметка во Орешани поради лубеници
Магазин

Крвава пресметка во Орешани поради лубеници

26/07/2025

AA

Двајца мажи, на возраст од 39 и 31 година, се осомничени за брутален напад врз човек кој го сомничеле дека украл лубеници од нива во село Орешани. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поведена истрага за кривично дело – Насилство по член 386 став 6 во врска со став 3 и 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 24 јули. Додека оштетениот со својот автомобил се движел од Петровец кон селото Таор, осомничените го следеле со товарно возило. Сцената кулминирала кога тој влегол во дворот на куќата на својот внук во Орешани.

„Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото, насилно го извлекле од автомобилот и започнале да го удираат со тупаници и шамари по главата и телото“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Бруталноста не застанала тука. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира оштетениот, се додека овој не паднал во безсознание.

„Нападнатиот добил тешки телесни повреди и се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Хоспитализиран е на Клиниката за неврохирургија во Скопје“, информира ОЈО.

Насилството било сведочено и од внукот на оштетениот, кој во моментот бил присутен во дворот. Според Обвинителството, овој чин предизвикал страв и чувство на несигурност кај сведокот и пошироката јавност.

„Со ваквиот начин на извршување на делото, кај сведокот и јавноста е предизвикано чувство на загрозеност, страв и нарушена безбедност“, потенцираат од ОЈО.

Ценејќи ги сериозноста на делото и ризикот од бегство или повторување на насилството, јавниот обвинител поднесе предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА СПОМЕУВА СДСМ Ивица Томовски најави

07/12/2025

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак,

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

07/12/2025

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ Две жени

07/12/2025

Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријави дека била измамена од две други жени кои требало да ѝ растурат магија.,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy