Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО 20 коли поминаа патарина без да платат, од ЈПДП велат првиот платил за другите, ама не за сите
Македонија

ВИДЕО 20 коли поминаа патарина без да платат, од ЈПДП велат првиот платил за другите, ама не за сите

26/07/2025

AA

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина. Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

По бројните реакции во јавноста и видеото Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се огласи со соопштение во кое потврдува дека е направена внатрешна контрола веднаш по објавата.

„Првото возило во колоната платило патарина и за останатите зад него, но има случаи каде тоа не е направено,“ наведуваат од претпријатието.

Од ЈПДП информираат дека веднаш по објавата, директорот дал итен налог за внатрешна проверка и дека контролата покажала оти кај неколку возила навистина не била извршена наплата.

„По целосно расветлување на случајот, ќе бидат преземени мерки за утврдување на одговорност на вработените, а ќе следат и соодветни дисциплински постапки,“ стои во реакцијата.

Сепак, објаснувањето не ги смири граѓаните, кои остро реагираа поради чувството на нееднаквост и неказнивост. На социјалните мрежи се појавија бројни коментари во кои граѓаните посочуваат дека кога обичен возач не плати патарина веднаш добива казна, додека во конкретниот случај сè уште нема информации за санкционирани лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy